Утрински Весник
Македонија

Од „Еурокомпозит“ бараат одговор зошто ги нема во третиот сет мерки

Од „Еурокомпозит“ бараат одговор зошто ги нема во третиот сет мерки

Прилеп, 18 јуни 2020 (МИА) – Околу 60 вработени во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ кои со месеци ниту имаат работа, ниту пари, бараат одговор од Владата зошто не се опфатени со ниту еден сет мерки, особено ги нема ниту со третиот и платежните картички.

Роберт Богданоски, претседател на синдикатот при „Еурокомпозит“ вели дека поднеле приговори, но немаат никаков одговор. Бараат итно да им се објасни.

-До УЈП имаме поднесено приговори, зашто ние не сме во овој трет сет мерки. Досега немаме никаков одговор. Бараме одговор зошто ние немаме добиено никаква картичка: ниту од 3.000, ниту од 9.000, ниту за летување. Упатувме уште еден апел до Владата јавно да ни каже што е проблемот со овие вработени. Нека кажат ако не може да се справуваат со нашата ситуација, да си ги земеме документите и да си одиме. Поради вонредната ситуација не може ниту да протестираме. Иако сакавме некои од наши работи во Фабриката да продаваме, бевме спречени од полицијата, вели Богданоски.

Вработените последно зеле линеарно по 10.000 денари во декември минатата година, а вкупно не им се исплатени 25 плати. Од оваа државна компанија како технолошки вишок заминаа 154 работници, а нивната „голгота“ трае со години. ем/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски” е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!