Утрински Весник
Свет

Од денес повторно отворени училиштата и продавниците во Австрија

Од денес повторно отворени училиштата и продавниците во Австрија

Училиштата, продавниците, фризерските салони и музеите повторно се отворени во Австрија по третото национално затворање, но сепак постои загриженост за високите стапки на зараза и ширењето на новите модифицирани видови на коронавирус.

Ублажувањето на мерките што стапува на сила денес е далеку од целосно. Луѓето кои одат на фризер ќе мора да покажат негативен резултат од тестот за коронавирус, не постар од 48 часа, а купувачите ќе мора да носат вистински заштитни маски во продавниците, а не обични памучни.

Рестораните и хотелите остануваат затворени, како што најавија властите, до крајот на месецот.

Затворањето е на сила во Австрија од 26 декември. Иако владата наведе дека Австрија мора да стигне што е можно поблиску до нивото на зараза од 50 нови случаи на 100.000 жители за седум дена, тој број во моментов е 108 заразени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Осум скијачи најдени мртви по лавина во Калифорнија

Четири Јеховини сведоци осудени во Русија поради екстремизам

Нетанјаху му нареди на Израел да се подготви за војна со Иран