Утрински Весник
Економија

Од денес повисока цена на струјата

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од денеска поскапува струјата. Почнува пресметката на блок тарифите кои се поделени во четири групи и според најавите од Регулаторната комисија за енергетика, оние кои трошат повеќе струја ќе плаќаат поскапи сметки.

Од РКЕ уверуваат дека за 98,8 проценти од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 проценти. Не се очекуваат ниту рестрикции на струја, иако не очекува тешка зима, рече вчера министерот за економија Крешник Бектеши.

Блок тарифите ќе важат само за скапата струја, а за евтината нема да има блок тарифи и потрошувачката ќе се плаќа врз основа на разлика.

Според најавите кај 59,9 проценти од потрошувачите во зимскиот период зголемувањето ќе биде 6,6 проценти, кај 20-30 проценти ќе биде од 6,6 до 8,7, кај три проценти од 8,7 до 11,2, а кај тие што трошат многу ќе биде од 11,2 до 99-100 проценти.

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра