Првите вакцини против коронавирусот пристигнаа во Канада и можеме да очекуваме дека масовните вакцинации ќе започнат денес, изјави премиерот на Канада, Џастин Трудо.
Канада и САД, по Велика Британија, оваа недела треба да бидат меѓу првите што ќе започнат со масовни вакцинации на населението против коронавирусот, објави „Ројтерс“.
Првите 30.000 дози вакцини од „Фајзер“ и „Бајонтек“ треба да бидат дистрибуирани во 14 канадски градови за вакцинирање на најранливите групи.
Властите најавија дека вкупно 249.000 вакцини треба да пристигнат во Канада до крајот на 2020 година.
Во 30-милионската Канада во последните 24 часа се регистрирани 5.891 случаи на Ковид-19, вкупно 460.743 од почетокот на пандемијата и 81 починат, вкупно 13.431.