Утрински Весник
Економија

Од денеска нула проценти ДДВ за основните прехранбени продукти

Од денеска нула проценти ДДВ за основните прехранбени продукти

Од денеска стапува на сила мерката за намалувањето на ДДВ-то за основните прехранбени продукти од 5 на 0 проценти.

Со стапувањето на сила на оваа мерка сите маркети кои продаваат леб, брашно тип-400, млеко со масленост од 2,8%, од 3,2 и 3,5% масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца, ќе се издаваат фискални сметки за овие производи со ДДВ од 0 отсто, информираа од Владата.

Истовремено со оваа мерка ќе се изврши надолен притисок врз малопродажните цени на овие производи со што ќе се делува и на намалување на вредноста на потрошувачката кошница. За позначаен ефект оваа мерка се спроведува паралелно со мерката за замрзнување на маржите кај овие производи.

„Покрај оваа мерка, во пакетот 26-те мерки за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите е вклучена и мерката за продолжувањето на примената на повластената стапка од 5% на ДДВ кај електричната енергија кон домаќинствата до крајот на 2022 година, како и мерките за намалени акцизи и ДДВ за горивата со кои во моментов Република Северна Македонија има најниски цени на горивата во регионот“, велат од Владата.

Додаваат дека животниот стандард на граѓаните е приоритет и со стратегијата која е преточена во 26-те мерки и препораки е целосно насочена кон користење на сите ресурси во поддршка на граѓаните и стопанството во време на криза.

Можете да прочитате

ДУИ: Симболично зголемување на платите, а трошоците за една година се зголемени за 6.000 денар

Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција

Филипче: Со поскапувањата ниту 600 евра не се доволно да се надмине кризата