Утрински Весник
Македонија

Од денеска може да се аплицира за ваучери за годишен одмор

Oher2

Од денеска може да се аплицира за ваучери за годишен одмор за граѓани со ниски месечни примања односно за семејства кои не го надминуваат нето износот од 30.000 денари. Ваучерите се со вредност од 12.000 денари и ќе можат да се користат во категоризираните угостителските објекти за сместување лоцирани во туристичките центри кои претходно се пријавени во Министерство за економија.

За реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари, што значи ваучери ќе има за 1.250 граѓани, а средствата ќе се даваат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

„Со оглед на зголемениот интерес на граѓаните и оваа година ќе продолжиме со мерката преку која на работниците со ниски примања им се овозможува користење на годишен одмор. Владата преку програмата на Министерството за економија, во 2017 година почна да ја спроведува оваа мерка со цел да даде поддршка на домашниот туризам, но во исто време на семејствата со ниски месечни примања да користат одмор во туристичките центри во земјата“, велат од Министерството за економија.

Јавниот повик ќе трае до 30 јуни. Ваучерот ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година.

Можете да прочитате

ВРЕДИ: ДУИ застана рамо до рамо со Вучиќ и Дачиќ, а обвинува дека Македонија се внесува во „српскиот свет“

Максим Димитриевски е симболот на лажниот патриотизам и профитерството

Синдикатот на полицијата до Собранието достави барање за повисоки плати