Утрински Весник
Македонија

Од денеска исплата на социјална и детска заштита

Битолското обвинителство обвини две лица за извршена изнуда

Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за месец јули. Почнувајќи од денес, 04 август, се врши етапна исплата на гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок на плата за скратено работно време, додаток за домување и на траен надоместок.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата се спроведува во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
– 4 август (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
– 5 август (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
– 6 август (четврток) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од денес, 04 август.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот. Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијалите и експозитурите на банките, се должни да носат каква било форма на заштита којашто ги покрива носот и устата и да одржуваат физичко растојание.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош