Утрински Весник
Македонија

Од денеска без зимска опрема во возилата

Од утре без зимска опрема во возилата

Скопје, 15 март 2020 (МИА) – Обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата што беше воведена на 15 ноември лани завршува денеска.

ОД АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

12-годишно дете од Петровец е заразено со морбили, семејството одбива хоспитализација

Училишен пробор се купува само со врски: По замзнувањето на цените маркетите во Охрид ги повлекоа производите од рафтовите

Британец пронајден мртов во хотел во Тетово