Утрински Весник
Македонија

Од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа пријава против Шилегов, велат дека субвенциите за инвертри ги делел по партиски клуч

Од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа пријава против Шилегов, велат дека субвенциите за инвертри ги делел по партиски клуч
Dik 300x250 mk

Денеска ќе поднесеме пријава до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за кој постојат основани сомненија дека ненаменски потрошил над 33 милиони денари народни пари, кои требало да бидат искористени за исплаќање на субвенции за инвертер клими на домаќинства кои се греат на дрва, нафта или мазут, изјави советничката во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сетлана Колариќ.

„Од свиркачи во Град Скопје имаме информации дека се давани субвенции и на домаќинства кои не ги исполнуват бараните услови пропишани во Програмата донесена од Советот на Градот Скопје на 29-ти јануари 2020 година“, посочи таа.

Според Колариќ, станува збор за класична злоупотреба која мора да биде санкционирана.

„Дополнително постои сомнение дека поделбата на субвенциите е вршена и по партиски клуч. Имено на некои од граѓаните им било барано да достават потврда од БЕГ дека не се приклучени на градското парно, на други им била прифаќана и изјава на нотар, а на трети не им се барани никакви документи“, нагласи претставничката на опозициската партија.

Таа додаде дека постојат и сомнежи дека е вршен поткуп пред избори, особено заради фактот што огласот за инвертер клими бил распишан 13 дена пред парламентарните избори во 2020 година.

Колариќ побара ДКСК во најбрз можен рок да отвори постапка и да го истражи овој случај до крај.

Можете да прочитате

Шлепери почнаа да се паркираат на тротоарите во Чаир

Хаос кај кулите Џевахир: Пијан возач со голема брзина удри во контејнери и автомобили!

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат