Утрински Весник
Свет

Од Брисел во Атина екстрадиран осудениот европратеник од Златна зора

Од Брисел во Атина екстрадиран осудениот европратеник од Златна зора

Членот на Европскиот парламент Јанис Лагос, поранешен член на крајно десничарската партија Златна зора, кој беше осуден во Грција на 13 години затвор, беше екстрадиран на властите во Атина.

Лагос (48), кој беше уапсен во Брисел на крајот на април, ден откако ЕП му го одзеде пратеничкиот имунитет, пристигна во Атина, а полицијата го чекаше на аеродромот.

Тој, како и целото раководство на Златна зора, беше во притвор по убиството на антифашистички активист во Атина во септември 2013 година. Беше пуштен на условна слобода 18 месеци подоцна, додека чекаше судење.

Лагос има пратенички имунитет од јули 2019 година, кога влезе во ЕП како претставник на Златна зора, која ја напушти неколку месеци подоцна.

Лидерот на Златна зора, Никос Михалолијакос и повеќето осудени се во затвор, но вториот човек на таа организација, Христос Папас, сè уште е во бегство, пишуваат агенциите.

Можете да прочитате

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

Либанскиот премиер ја повика армијата да го стави целото оружје во земјата под владина контрола

НАСА планира да изгради нуклеарен реактор на Месечината