Утрински Весник
Свет

Од арсеналот на германската војска и полиција исчезнале 60.000 парчиња муниција

Од арсеналот на германската војска и полиција исчезнале 60.000 парчиња муниција

Германската армија и полиција во последните десет години изгубиле 60.000 парчиња муниција, без да знаат каде и како.

Постои страв дека можеби тие паднале во рацете на десничарски екстремисти.

Ова произлегува од одговорот на владата во однос на собраниска истрага, пренесува весникот „Велт“.

Меѓу исчезнатата опрема е и службено оружје, а во бројката не e вклучено исчезнувањето на 50.000 куршуми, како и 62 килограми експлозив на специјалната единица КСК, за што се дискутира со месеци.

Кога станува збор за елитната единица КС, се претпоставува дека не сe работи за исчезнување, туку само за лоша регистрација на опремата.

Сепак, постојат стравувања дека десничарските екстремистички мрежи можеби се инфилтрирале во војската и полицијата со цел да се вооружат со арсенал на државата.

Како што потсетува „Велт“, се почести стануваат рациите за време на кои полицијата пронаоѓа оружје и муниција од своите редови или од армијата.

Неодамна, во мај, беа пронајдени два килограма експлозив, еден митралез и неколку илјади куршуми во сопственост на елитен војник што го привлече вниманието на јавноста.

Поради сето тоа, министерката за одбрана, Анегрет Крамп-Каренбауер, најави распуштање на КСК и реформа во обуката на војниците.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд