Утрински Весник
Македонија

Од Албанија и Србија влегле најголем број од увезените случаи на коронавирус

Од Албанија и Србија влегле најголем број од увезените случаи на коронавирус
Dik 300x250 mk

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека од почетокот на кризата регистрирани биле вкупно 414 увезени случаи на коронавирус кај нас.

„По затворањето на границите спорадични случаи почнуваме да регистрираме на 29 мај, а по повторното отворање на границите речиси секој ден. Од почетокот, вкупен број импортирани случаи се 414, од нив најголем број се од Албанија – 79, Србија – 74, Германија 41, Косово 24, Бугарија 22, Турција 20, Грција 18 и Австрија 15 случаи“, рече министерот.

Поради ширењето на коронавирусот границите беа затворени три месеци, односно од март до 17 јуни.

Најголем број новодијагностицирани сме имале во 28. недела, односно втората недела од јули, со регистрирани 1.074 нозоаболени, по што следи период кога бројката опаѓа се до 38. недела, во септември, кога се регистрирани 908 нови случаи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Беличанец: СДСМ може да победи, потребна е јасна социјална политика за сите категории граѓани

Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица