Утрински Весник
Македонија

Од Австрија пристигна првата количина на вакцини од „Фајзер“

Од Австрија пристигна првата количина на вакцини од „Фајзер“

Mинистерот за здравство Венко Филипче се сретна со Н.Е. Каролине Едштадлер, Сојузна Министерка за ЕУ и Устав на Австрија.

„ Денеска од Австрија ја добивме првата количина на вакцини од „Фајзер“, вкупно 4860, преку Тимот на Европа, а до крајот на мај очекуваме вкупно 19.890 дози. Процесот на имунизација е исклучително важен, а ставот на Австрија е дека „никој не е безбеден додека сите не се безбедни“. Сертификатите кои граѓаните треба да ги добијат по примањето на две вакцини за непречено движење надвор од границите ќе биде предмет на взаемно договарање на двете земји. Важно е дека нема да има ограничување со типот на вакцините“ рече Филипче.

На средбата двајцата соговорници ја потенцираа важноста на процесот на имунизација и заклучија дека недостатокот на вакцини е проблем со кој се соочуваат сите земји во светот. На средбата Филипче и Едштадлер говореа и за сертификатите кои граѓаните треба да ги добијат по примањето на две вакцини за непречено движење надвор од границите и беше кажано дека сертификатот ќе биде предмет на взаемно договарање на двете земји, без ограничување со типот на вакцините.

Покрај набавката на вакцините на состанокот се разговараше и како да се влијае врз подигање на свеста на граѓаните за важноста од вакцинација.

Можете да прочитате

Левица со амандман бара 600.000 евра за обезбедување престој за жртвите на семејно насилство

Работна посета на МЕП Муртезани на Ирска

Во Загреб изложба на фотографии во чест на 50 години соло кариера на Влатко Стефановски