Утрински Весник
Македонија

Одѕивот до 15 часот е 31 отсто, најголем во Вевчани 49,22 отсто

Одѕивот до 15 часот е 31 отсто, најголем во Вевчани 49,22 отсто
Dik 300x250 mk

До 15 часот на гласање излегле 576.576 гласачи, односно одѕивот е 31 отсто, соопшти Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија. Податоците се од 3435 избирачки места од вкупно 3490.
Најголем одѕив до 13 часот ДИК регистрира во Вевчани каде до 15 часот на гласање излегле 49,22 отсто од запишаните гласачи.

Во ИЕ – 1 одѕивот до 15 часот е 34,51 отсто, во ИЕ – 2 е 29,96 отсто, во ИЕ – 3 е 37,24 отсто, во ИЕ – 4 одѕивот до 15 часот е 35,56 отсто, во ИЕ – 5 гласале 31,51 отсто од гласачите и најмал е одѕивот во ИЕ – 6 каде на гласање излегле 22,85 отсто.

Портпаролот Шабани ги издвои општините со повисок одѕив.

„ Во ИЕ – 1 поголем одѕив е забележан во Карпош 38,4 отсто и Центар 38,82 отсто. Во ИЕ – 2 општини кои се издвојуваат се Ѓорче Петров со 36,74 отсто и Бутел со 34,54 отсто. Во ИЕ – 3, каде што вкупниот одѕив е 37,3 се издвојуваат Берово со 41,09 отсто, Градско со 37,62 отсто, Лозово со 42,46 отсто и Пробиштип со 44,32 отсто. Во ИЕ – 4 се издвојуваат Гевгелија со 44.01 отсто, Неготино со 41,5 отсто и Демир Капија со 42,52 отсто. Во ИЕ – 5 со вкупен одѕив од 31,76 отсто се идвојуваат Вевчани со 49,22 отсто, Крушево со 47,02 и Дебарца со 36, о7 отсто. Во ИЕ – 6 ја издвојувам општината Гостивар со 23,65 отсто, Тетово со 26,17 отсто и Јегуновце со 25 , 21 отсто“, рече портпаролот Шабани.

Официјални приговори не пристигнати до ДИК, а се случиле ситни технички проблеми, за кои портпаролот Шабани вели дека веднаш биле решени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лишени од слобода возачи во Валандово, Битола и Кочани, управувале возила под дејство на алкохол

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

До вторник облачно време со дожд, потоа стабилно и суво