Утрински Весник
Македонија

Одѕивот до 13 часот е 23,81 отсто, најголем во Крива Паланка – 41,07 отсто

Одѕивот до 13 часот е 23,81 отсто, најголем во Крива Паланка – 41,07 отсто

Одѕивот до 13 часот е 23,81 отсто, гласале 432.026 гласачи, соопшти Адмир Шабани, портпарол на Државната изборна комисија. Податоците се стигнати од 3.369 избирачки места од вкупно 3.480.

Најголем е одѕивот во ИЕ 3 каде до 13 часот гласале 28,92 отсто од граѓаните, а најмал во ИЕ 6 каде што на гласање излегле 15,58 отсто од гласачите. Во ИЕ 1 одѕивот до 13 часот е 27,09, во ИЕ 2 одѕивот е 21,64 отсто, во ИЕ 4 на гласање излегле 27,45 отсто од гласачите и во ИЕ 5 до 13 часот гласале 23,11 отсто од запишаните гласачи.

Според третиот пресек што го направи ДИК за парламентарните избори, најголем одѕив има во Крива Паланка – 41,07 отсто од гласачите.

„Неколкуте општини во кои е забележан голем одѕив во ИЕ 1 се Аеродром со 30,15 отсто, Карпош со 31,25 отсто , а во ИЕ 2 се издвојува Македонски Брод со 35,04 отсто, Гази Баба со 22,88 отсто и Ѓорче Петров со 28, 54 отсто. Во ИЕ 3 висок одѕив има во Берово 32,49 отсто, во Крива Паланка 41,07 отсто, Пехчево со 33,02 отсто и Пробиштип каде што на гласање излегле 35,29 отсто од гласачите. Во ИЕ 4 голем одѕив има во Неготино 33,42 отсто, Прилеп 32,47 отсто. Во ИЕ 5 Битола се издвојува со 31,19 отсто, Вевчани со 39, 86 отсто и Крушево 37, 84 отсто. Во ИЕ 6 во Јегуновце одѕивот е 17,05 отсто, а во Тетово одѕивот е 19,11 отсто“, соопшти портпаролот Шабани.

Во ДИК досега официјално нема пристигнато приговор. Портпаролот Шабани рече дека службите во ДИК добиваат прашања поврзани со изборниот процес и на граѓаните им се даваат насоки и упатства.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Локализиран е пожарот кај Пехчево

Димитриевски: ЗНАМ е еднаков партнер во власта, од ВРЕДИ грешат ако сметаат дека со овие гестови ќе иницираат дестабилизација на Владата

Влада: Формирано координативно тело за унапредување на високото образование, нова зграда на Драмски театар, план за капитални инвестиции во општините