Утрински Весник
Спорт

Одржан онлајн состанок на бордот на директори на ИТКФ

Одржан онлајн состанок на бордот на директори на ИТКФ

Скопје, 9 јуни 2020 (МИА) – Бордот на директори на Светската карате федерација ИТКФ во текот на вчерашниот ден одржа онлајн состанок на кој учество зема и македонскиот каратист Дејан Недев.

– Се разговараше за настанатата ситуација со Ковид 19 и беше одлучено да поради безбедност и здравје на каратистите во светот, сите предвидени настани за оваа година се одложат за наредната година. Беа донесени многу важни одлуки за развојот на традиционалното карате во светот и беа формирани и одобрени неколку комитети и комисии кој ќе работат во интерес на ИТКФ, информираа од МТКФ.

Се избраа неколку комисии и комитети, во нив од нашата ќе членуваат  Венцислав Недев (во техничкиот комитет и на шихан-каи комитетот) и  Дејан Недев (во комитетот на спортисти актуелни и поранешни светски шампиони).

Доколку до крајот на годината се подобри ситуацијата со пандемијата можно е да се одржат континенталните шампионати во Европа, Африка, Америка, Азија и Океанија, а светскиот ИТКФ шампионат е предвиден за 2022 година во Европа. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство