Утрински Весник
Спорт

Одредени термините за осминафиналните дуели на Вардар со ПИК Сегед во ЛШ

Вардар ја почна 2020-та со победа против Еурофарм
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Виена, 3 март 2020 (МИА) – Европската ракометна федерација (ЕХФ) во соработка со клубовите и ТВ куќите кои ги вршат преносите од Лигата на шампионите ги одредија термините и саатниците за осминафиналните дуели.
Вардар во осминафиналето ќе игра со ПИК Сегед, а првиот меч е во Скопје, додека реваншот во Сегед, Унгарија.

СЦ „Јане Сандански” ќе биде домаќин на 22 март (недела) со почеток во 17 часот.

Реваншот ќе се игра следната недела, 29 март со почеток во 17 часот.

Победникот од овој дуел ќе игра во четвртфиналето против победникот од средбата Висла – Веспрем.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

И покрај поразот во Ларнака, Шкендија продолжува во Европа

Лазаров го објави списокот за Европското првенство

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА