Утрински Весник
Економија

Одобрен Правилникот за давање средства преку иновациски ваучери

Има финансии за иновативни идеи, фирмите да научат да ги користат

Скопје, 16 февруари 2020 (МИА) – Владата на синоќешната седница донесе одлука за давање согласност на Правилникот за доделување финансиски средства преку Иновациски ваучери на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Како што информира владината прес-служба, Правилникот за доделување на финансиските средства преку иновациските ваучери сe воведува прв пат, а негова основна цел е да ја поттикне соработката меѓу претпријатијата и академските и научно-истражувачките установи во насока на спроведување иновациски активности, со што претпријатијата ќе ја зголемат својата конкурентност.

-Со ваучерите кои ФИТР ќе им ги додели на компаниите кои имаат намера да почнат нови производи, процеси и услуги со иновативна компонента, ќе се надоместуваат трошоците за услуги на академските и научно-истражувачките институции кои за нив ќе изготвуваат истражувања и анализи што ќе го помогнат успешното реализирање на новите процеси, наведува Владата. мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во ноември лани 304 одобренија за градење, во Скопскиот Регион 427 стана

Четириесет нови инспектори ќе бидат вклучени на терен за да се контролира кој не ги почитува законите

Дурмиши: Цените на храната се намалуваат