Утрински Весник
Македонија

Одобрено обвинението против возачот кој ја прегази 24-годишната девојка пред Сити мол

Одобрено обвинението против возачот кој ја прегази 24-годишната девојка пред Сити мол

Советот за оценка на обвинителен акт, по одржана седница, во врска со сообраќајката пред Сити мол, во која животот го загуби 24-годишна девојка, донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а актот против обвинетиот Ј.Ѓ., кој ја прегази девојката, се одобрува во целост.

„ Советот за оценка на обвинителен акт, по одржана седница, донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а актот против обвинетиот Ј.Ѓ., осомничен за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в со чл. 297 ст.1 од КЗ, се одобрува во целост. Врз основа на оценетиот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со К.бр 496/22 кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде насрочен термин за главна расправа истиот ќе биде објавен на веб страната на судот во делот „Календар на судења““ соопшти Кривичниот суд.

Можете да прочитате

Голема група социјалдемократи ќе бара промени во СДСМ вели Шилегов

Стојановски: Големата трагедија за жал беше доказ дека здравствениот систем може да функционира

Д-р Крисаги Гинаки: Кога станува збор за здравјето единствениот начин е соработката