Утрински Весник
Македонија

Одобрени средства за субвенционирање на бесплатниот градски превоз за редовните студенти

Бесплатните ученички билети нема да важат за време на распустот

Скопје, 16 февруари 2020 (МИА) – Усвоена е одлуката за одобрување средства од Буџетот на Министерството за образование и наука за 2020 година, наменети за субвенционирање на бесплатниот градски превоз за редовните студенти на државните универзитети, соопшти Владата.

На синоќешната седница е усвоена и Предлог – програмата за изменување на Програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2020 година, за да се задржи континуитетот на процесите за изградба на нови и реконструкција на постоечките спортски објекти во повеќе општини како Охрид, Куманово, Липково,…

За да го обезбеди редовното и непречено функционирање на студиските програми за 2020 година на Православниот Богословски факултет „Св. Климент Охридски” – Скопје, придружна членка на Универзитет „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, и на Факултет за Исламски науки – Скопје, Владата донесе одлука за одобрување средства кои на овие високообразовни институции им се одобруваат квартално. мч/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Аца Лукас: Целата акција беше лично насочена кон мене – додека овие луѓе се на власт, нема да настапувам во Македонија

Ако живеете во поплавено подрачје превријте ја водата за пиење 10 минути, фрлете ја храната што дошла во допир со поплавата – ИЈЗ со препораки до граѓаните

Ограбена сендвичара на Бит Пазар – украдени пари од касата