Утрински Весник
Македонија

Одобрена постапката за набавка, армијата ќе добие американски оклопни возила

Одобрена постапката за набавка, армијата ќе добие американски оклопни возила

Владата на денешната 34-та седница, ја разгледа и усвои Информацијата со предлог за продолжување на набавката на лесни оклопни возила за потребите на Армијата, со склучување на анекс на Договорот меѓу македонската и американската влада и донесе одлука да се продолжи со реализација на овој договор со прифаќање на Писмото на понуда и прифаќање на понудата од 21 декември годинава.

Со оваа одлука, Министерството за одбрана е задолжено веднаш по потпишувањето на анексот на договорот, да изврши уплата на договорените финансиски средства од Буџетот, во висина од 762.000.000 денари до американската влада.

Заклучоците за потребата од склучување на анекс на договор со американската влада ќе бидат доставени како Информација за известување до Комисијата за одбрана и безбедност во Собранието.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј