Утрински Весник
Македонија

Одобрена набавката на лекот Ремдесивир, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владата одобри набавка на лекот Ремдесивир за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет месеци, државата ќе потроши 67,5 милиони денари.

„Владата го задолжи Министерството за финансии да обезбеди во рамките на буџетот на Министерството за здравство за 2020 година, дополнителни 13.500.000,00 денари, за плаќање на лекот „Veklury (remdesivir)“ за месец октомври, додека останатите средства во износ од 67.500.000,00 денари, за исплата по сукцесивна испорака на овој лек за период од пет месеци, да се предвидат и обезбедат во буџетот на Министерството за здравство за 2021 година“, соопшти Владата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Намалена видливост на неколку патни правци

Црна европска листа: Македонија трета по број на убиени жени

Фрчкоски до ВМРО-ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат