Утрински Весник
Свет

Однесувањето на Киев води кон југословенско сценарио, вели претставник на руската Дума

Однесувањето на Киев води кон југословенско сценарио, вели претставник на руската Дума

Пристапот на Киев кон членството во НАТО нема да значи дека ќе го поврати влијанието во Донбас во источна Украина, но може да предизвика југословенско сценарио. Ова го изјави претставникот на руската Дума за надворешни работи, Леонид Слуцки.

Тој оцени дека украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ја открил крајната цел на сите недамнешни провокации – присилно пристапување на Украина во НАТО, без оглед на жестоките тензии во украинскиот конфликт или мислењето на луѓето, вклучително и луѓето од Донбас, пренесе ТАСС.

„Изјавата на Зеленски дека само влегувањето на Украина во НАТО може да ја запре војната во Донецк и Луганск е само шлаг на кампањата на Киев за намерна ескалација. Сепак, таквиот став нема да ги врати Донецк и Луганск под влијание на Киев, напротив, може да предизвика југословенско сценарио во Украина“, рече претставникот на Думата.

Слуцки потсети дека неодамна во Донбас беше убиено дете во напад со украински дрон.

„Слушнавме ли извинувања и сочувства од Киев? Секако не. Напротив, режимот во Киев шири лажни вести и трча кон своите западни добродетели, молејќи да се зачленат во Алијансата. Наместо да го охрабрува Киев, Западот мора цврсто да инсистира на спроведување на договорот од Минск и Париз, во кој учествуваше Украина, а не Русија. Во спротивно, целиот процес на внатрешното украинско прашање ќе дојде во ќор-сокак“, заклучи Слуцки.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година