Туризмот е една од напрофитабилните економски гранки во Турција и туристичката индустрија е важен извор на приходи за Анкара – особено, со оглед на економската криза од летото 2018 година. Земјата е популарна дестинација за одмор и привлекува милиони странски туристи.
Но, пандемијата на коронавирусот во голема мерка го парализираше овој индустриски сектор, кој според податоците на турската Канцеларија за статистика доживеа ненадеен пад по забраната на летови во март. Резервациите за сместување во хотелите опаднаа за 55,2 насто во однос на претходната година.
Поради тоа турската влада во последно време го забрза темпото на работа и Анкара сака што е можно побрзо да ги укине ограничувањата за патување за да се подготви на време да ги дочека туристите на турските плажи во летната сезона 2020 година. Од средината на јуни би требало повторно да бидат дозволени и меѓународни летови.
Министерството за туризам го оправда планираното ублажување на мерките со фактот дека Турција има контрола над ширењето на коронавирусот. Се тврди оти во борбата против пандемијата е постигнат успех – болниците успеале да излезат на крај со зголемениот број пациенти, бројот на новоинфицирани опаѓа од почетокот на мај, а стапката на смртност поради вирусот во споредба со другите држави е релативно ниска.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.
Извор: dw.com
Фото: pixabay.com