Лондон, 16 мај 2020 (МИА) – Конечната одлука дали ќе се обнови сезоната во Премиер лигата би можела да се одложи за околу две недели и да се донесе на почетокот на јуни. Намерата беше „проектот за рестартирање“ да се стави на гласање од страна на клубовите во понеделник, откако британската влада веќе даде дозвола за враќање на натпреварите следниот месец.
Сепак, двоумењето на многу од играчите, од кои некои веќе јавно ги искажаа своите резерви, можат да го забават целиот процес. Најверојатно, само т.н. „прва фаза“, која вклучува продолжување на групните тренинзи со соодветни безбедносни мерки и усогласеност со далечина ќебиде гласана во понеделник. Се претпоставува дека оваа фаза ќе добие одобрение без многу потешкотии.
Сепак, тоа не е случај со „втората фаза“, според која сега ќе биде дозволен целосен контакт меѓу играчите и дуелите за време на тренинзите. Тука вече фудбалерите веќе се загрижени дека се изложени на голем ризик од зараза со КОВИД-19.
Англиските медиуми тврдат дека играчите сакаат барем уште една недела во која треба да бидат убедени дека здравствениот протокол што ќе се следи ќе им даде доволно гаранции. Досега не е закажана нова средба помеѓу капитените на тимовите и раководството на Премиер лигата.
Поради сето ова, одлуката за обновување на сезоната може да се донесе уште во неделата што започнува на 25 мај. Реално, сепак, многу е тешко ова да се случи пред 1 јуни.