Утрински Весник
Спорт

Одложен прошталниот меч на Вознијацки против Серена

Одложен прошталниот меч на Вознијацки против Серена

Копенхаген, 8 април 2020 (МИА) – Прошталниот натпревар на поранешниот прв рекет на светот Каролина Вознијацки, во кој требаше да игра со Серена Вилијамс, е одложен поради пандемијата на коронавирус и ќе се одржи кон крајот на годинава.

Натпреварот во Копенхаген беше закажан за 18 мај, а сите билети беа продадени уште во декември.

Вознијацки рече дека тие ќе останат валидни за новиот датум.

За потсетување, данската тенисерка одлучи да ја заврши кариерата по Австралија опен. зс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига