Утрински Весник
Магазин

Одложен концертот на Дајте музика

Dik 300x250 mk

Поради лошите временски услови кои се најавени за овој викенд, а кои ќе бидат проследени со дожд и грмотевици, концертот на Дајте музика ќе се одржи на нова дата- 18-ти јуни, во сабота, на истата локација- стадион на АРМ во Скопје!

„ Безбедноста нам ни е многу важна, особено кога станува збор за најмладата популација и затоа, се одлучивме концертот да го презакажеме за 18-ти јуни, а да се одржи на истата бина и со истата продукција (звук, светло, лед екрани) од шоуто на TIËSTO. Со тоа, концертот на нашите и ваши омилени “старомаалци” ќе биде уште поспектакуларен!

Сите што имаат набавено влезници за настанот имаат можност да ги зачуваат бидејќи ќе им бидат важечки за новата дата, 18-ти јуни или доколку сакаат рефундација истото тоа може да го сторат од продажното место од каде имаат купено влезници во период од (26.05 до 02.06).

Оние што сѐ уште немаат набавено влезници, тоа може да го направат на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија или онлајн на avalon.mk“ велат организаторите на настанот.

Можете да прочитате

Калиопи најави три акустични концерти во Филхармонија

За мрзеливи луѓе: Самоуправувачка машина за капење

Италија може да загуби 40 отсто од плажите до крајот на векот поради порастот на морското ниво