Утрински Весник
Спорт

Одложено Редовното годишно Собрание на ФФМ

Одложено Редовното годишно Собрание на ФФМ

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Фудбалската федерација на Македонија следејќи ги заклучоците, мерките, препораките и забраните на Владата на Република Северна Македонија поврзани со заштита и превенција од коронавирусот SARS-CoV-2, како и прогласувањето на пандемија од страна на Светската здравствена организација, донесе одлука за одложување на Редовното годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија кое беше закажано за 21 март 2020 година, соопшти ФФМ преку својата веб-страница.

Јавноста и фудбалското семејство навремено ќе бидат известени за терминот за одржување на Редовното годишно Собрание кој дополнително ќе се утврди.

– Имајќи го в предвид пред се здравјете на фудбалерите, гледачите и сите други фудбалски актери, Фудбалската федерација на Македонија постојано ја следи ситуацијата со коронавирусот SARS-CoV-2и постапува согласно препораките на јавно – здравствените институции, информираат од ФФМ. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ново засилување – Немања Босанчиќ нов фудбалер на ФК Вардар

Шампионот Струмица со три засилувања во Лигата на шампиони

Пожар го уништи стадионот и клупски простории во Словенија, таму се подготвуваше и Вардар