Утрински Весник
Македонија

Одложено одбележувањето на Денот на ретки болести

Одложено одбележувањето на Денот на ретки болести

Скопје, 29 февруари 2020 (МИА) – Националната алијанса за ретки болести (НАРБМ) го одложи планираното одбележување на 29 Февруари, Меѓународниот ден на ретки болести што требаше да се одржи утре напладне на влезот на ГТЦ Скопје под мотото „Ден на ретки болести 2020: Ретки сме, но силни!, согласно со препораката на Владата за превенција на ширење на коронавирус.

-Со огромно разочарување објавуваме дека планираниот јавен настан за одбележување на Денот на ретки болести го одложуваме заради дадените препораки од страна на Владата. Искрено се надеваме дека Вашата поддршка и желба да се дружиме ќе ја задржите за датумот кој дополнително ќе го договориме и објавиме! Се извинуваме на сите доколку планиравте да поминете дел од претстојниот викенд со нас, но здравјето е најважно и приоритет за сите, не само за пациентите со ретки болести, па да се придружуваме до мерките и препораките издадени од официјалните институции, велат од НАРБМ.

Владата на денешната седница донесе заклучок и препорача откажување на поголемите јавни собири, спортски настани и забавни и културно-уметнички манифестации до 6 март 2020 година, со цел превенција на ширење на коронавирусот.вј/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина