Утрински Весник
Македонија

Одложени сите претстави во кумановскиот театар до 6 март

Одложени сите претстави во кумановскиот театар до 6 март

Куманово, 29 февруари 2020 (МИА) Кумановскиот театар ги одложи закажаните претстави до 6 март, годинава, согласно препораките на Владата за неодржување јавни настани, соопштија денеска надлежните од Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово. Вчера беше откажана една претстава во Кумановскиот театар.

-Одложен е театарскиот маратон што беше предвиден да се одржи наредната недела од 5 до 7 март, на кој беа предвидени да се одржат по две претстави тие денови за симболична цена како и премиерата на детската претстава „Трнорушка“ која беше закажана за 4 март, изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.

Од НУЦК „Трајко Прокопиев“ информираа дека дополнително ќе известат за одржување на термините за претставите.ам/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јанев: Со мојот тим создаваме услови секој полицаец да се чувствува почитуван и мотивиран

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “Support Коcani“

ЛАДЕН БРАН СРЕДЕ МАЈ: Доаѓаат обилни дождови, ветер и снег!