Утрински Весник
Свет
Img 7972

Одложена испораката на вакцини во Америка поради зимското невреме и ниските температури

Одложена испораката на вакцини во Америка поради зимското невреме и ниските температури
Img 7972

Силните зимски бури, екстремниот студ и прекинот на електричната енергија затворија повеќе од 2.000 места за вакцинација и ја одложија испораката на шест милиони вакцини во сите 50 сојузниамерикански држави минатата недела, изјави високиот советник во Белата куќа, Енди Славит.

„Предвидуваме дека сите преостанати дози ќе бидат испорачани во текот на следната недела, а повеќето од нив ќе бидат доставени во следните неколку дена“, рече Славит, пренесува Гласот на Америка, пишува „Танјуг“.

Времето предизвика нарушувања во целиот синџир на снабдување, рече Славит.

Временските услови се подобруваат и испораките се враќаат во колосек, со 1,4 милиони дози кои се испорачуваат во петокот, рече Славит, додавајќи дека, сепак, ќе биде потребно време за да се расчисти сè.

Невремето ги спречи напорите на администрацијата на Бајден да се зајакне испораката на вакцини. На почетокот на месецот, во просек, беа испорачувани повеќе од 1,5 милион дози дневно.

Прелиминарните податоци од минатата недела покажуваат нагло опаѓање, но целосните бројки сè уште не се достапни.

Фабриките за пакување на вакцини на фармацевтската компанија „Модерна“ не функционираа поради зимското невреме, а затворањето на патиштата ги одложи испораките меѓу местата за производство, дистрибуција и пратка.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Опаѓа поддршката кај граѓаните на ЕУ за зголемување на воените трошоци

Руските власти известуваат за напад со дронови во сибирскиот град Тјумен

Кремљ бара јасност од САД за можноста за испорака на ракети „Томахавк“ во Украина