Утрински Весник
Македонија

Одземени 5 возила со бесправно исечени дрва во штипско

Одземени 5 возила со бесправно исечени дрва во штипско

5 моторни возила натоварени со бесправно исечени дрва и моторни пили биле пронајдени и одземени од страна на полициските службеници во штипско, во обидот да спречат бесправна сеча и транспорт на огревни дрва, инфмормира МВР.

Имено вчера од страна на полициски службеници при СВР Штип, во содејство со шумска полиција и претставници од Национални шуми – „Серта“ Штип, преземени се мерки со цел спречување на бесправна сеча и транспорт на огревни дрва, при што при извршена опсервација на подрачјето на селата Шашаварлија, Никоман, Калапетровци, Кошево и Почивало биле пронајдени и одземени 5 моторни возила натоварени со бесправно исечени огревни дрва, а при прегледот на терен биле пронајдени и одземени три моторни пили и еден мобилен телефон.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.

Одземените возила и бесправно исечените дрва се предадени на шумска полиција за понатамошна постапка. За настанот запознаен е Јавен обвинител и по целосно комплетирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопштија надлежните.

Можете да прочитате

Со искази на сведоци денеска продолжува судењето за „Пулс“

Македонија меѓу најуспешните во светот во намалување на смртноста кај новороденчињата

Делегација на ТХП во посета на Истанбул