Утрински Весник
Економија

Одземени пет концесии за минерални суровини во село Лабуништа

Одземени пет концесии за минерални суровини во село Лабуништа

Скопје, 27 мај 2020 (МИА) – Одземени се пет концесии за минерални суровини, речиси сите во околината на село Лабуништа, за да се заштити здравјето на жителите и животната средина, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Концесиите, како што рече на прес-конференција пред Министерството, еднострано се раскинати, а сите концесионери имаат право во рок од 60 дена да достават барања до Министетството за други локации од истиот вид минерална суровина, но претходно ќе мора да се обезбедат и мислења од надлежните институции, вклучувајќи го и Министерството за животна средина.

– Со ова се рализира уште едно ветување кое го дадовме на жителите на Лабуништа за раскинување на концесиите. За време на вонредната сотојба тие продолжија да доставуваат барања за одземање на концесиите, укажувајќи дека настанатата прашина при минирање, сепарирање и транспорт на минерални суровини значително им го нарушува здравјето, рече Бектеши. мч/сп/

Прес конференција на Министерството за економија

Posted by MИА.mk on Среда, 27 мај 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владини функционери признаваат дека пензискиот фонд е загрозен, вели Филипче

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ