Утрински Весник
Спорт

Одегард: Со Арсенал за некоја година до титула во Премиерлигата и Лигата на шампиони!

Одегард: Со Арсенал за некоја година до титула во Премиерлигата и Лигата на шампиони!

Мартин Одегард е сигурен дека Арсенал ќе ја крене формата и верува дека со новиот клуб може да ја освои Премиер лигата, но и Лигата на шампиони за неколку години, иако пристигна во северен Лондон во моменти кога „топчиите“ се наоѓаат во голема криза.

Норвежанецот го комплетираше постојаниот трансфер во Арсенал од Реал Мадрид ова лето, откако минатата сезона беше позајмен играч, и верува дека и покрај тоа што се на дното на табелата со три порази во првите три меча, иднината на „Емирати“ е блескава.

„Која е целта? Да се крене клубот на табелата, до првото место и да се бориме за европски фудбал. За оваа сезона, секако, очекуваме да се вратиме во Европа, а потоа со време да освојуваме трофеи, Премиер лигата и Лигата на шампионите. Такви треба да се амбициите на овој клуб, тоа е стандардот“, вели Одегард за „Скај спортс“.

Арсенал последен пат беа во Лигата на шампионите во сезоната 2016/17, додека последната лигашка титула ја освоија во веќе далечната 2004, за време на „непобедливите“ на Арсен Венгер.

> Одегард: Со Арсенал за некоја година до титула во Премиерлигата и Лигата на шампиони! <

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен