Утрински Весник
Македонија

Оддадена почит на загинатите припадници на Армијата во Вејце

Оддадена почит на загинатите припадници на Армијата во Вејце

Скопје, 28 април 2020 (МИА) – На спомен обележјето пред Баталјонот за специјални намени во касарната „Илинден“ во Скопје денеска беше оддадена почит кон загинатите припадници на Армијата кои своите животи ги загубија на денешен ден во 2001 година во реонот на село Вејце.

Во чест на загинатите припадници на Армијата – постар водник Роберт Петковски, водник Миле Јаневски, водник Бобан Трајковски, водник Игор Костески, венци со свежо цвеќе положија началникот на Генералштабот, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ.

 Како што соопшти Министерството за одбрана, во знак на почит кон своите поранешни колеги почит оддадоа и од останатите единици на Армијата. нд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гоце Наумовски избран за нов уставен судија

Коњановски: Нови пешачки патеки за поголема безбедност во Битола

Стојаноска: Парите за минималецот се кај Филипче на Водно, во Струмица и во Дубаи