Утрински Весник
Свет

Одговорот на Кина до НАТО: А кој ја бомбардираше нашата амбасада во Југославија?

Одговорот на Кина до НАТО: А кој ја бомбардираше нашата амбасада во Југославија?
Dik 300x250 mk

По обвинувањето на американскиот претседател дека Владимир Путин е воен злосторник, се огласи и Кина.

„Кина никогаш нема да заборави кој ја бомбардираше кинеската амбасада во Југославија. Не и’ требаат предавања од оние кои го прекршиле меѓународното право“, се наведува на веб-страницата на кинеската мисија во Обединетите нации, пренесува „Спутник“.

Соопштението, како што се наведува, е објавено како одговор на критиките за кинеската позиција за прашањето за украинската криза од страна на НАТО.

Во соопштението се истакнува и дека НАТО, бидејќи го претставува остатокот од Студената војна и најголемиот воен сојуз во светот, продолжува да ја шири својата територија и опсегот на операции.

„НАТО треба добро да се замисли каква е улогата што ја одигра во обезбедувањето мир и стабилност низ целиот свет“, се вели во соопштението.

Претходно генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика Кина да ја осуди руската агресија во Украина, чиј почеток на 24 февруари го најави рускиот претседател Владимир Путин.

Министерството за надворешни работи на Кина постојано укажува дека кога станува збор за украинската криза, Кина секогаш постапувала објективно и непристрасно, поминувала независни судови и изразувала свој став врз основа на суштината на самото прашање. Покрај тоа, Кина, наводно, секогаш повикувала на дијалог и преговори за смирување на ситуацијата.

На 7 мај 1999 година, поради бомбардирањето на Југославија од страна на НАТО, беше погодена и кинеската амбасада во Белград. Во таа прилика загинаа три лица, а повеќе од 20 беа повредени.

Можете да прочитате

Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради документарец за Трамп

Потона брод со мигранти меѓу Малезија и Тајланд, стотици се водат како исчезнати

Одбележани 36 години од падот на Берлинскиот ѕид