Утрински Весник
Македонија

Одговорните за дивата изградба на џамија во Злокуќани не се појавиле на средба во Општина Карпош

Одговорните за дивата изградба на џамија во Злокуќани не се појавиле на средба во Општина Карпош

Одговорните за дивата изградба на џамија во Злокуќани не дошле на средбата што била закажана за денеска во општина Карпош.

Како што информираат од општината, во саботата инспекциската служба на Општина Карпош излегла на терен. Во моментот кога е извршена контролата не се вршени градежни дејствија. Инспекторатот одредил 15 дена рок за доброволно отстранување на нелегалниот објект и ги повикал одговорните лица на средба во општината денеска во 9.30 часот, но истите не се појавиле.

„Во случај да не биде доброволно отстранет објектот во предвидениот рок, случајот ќе биде пријавен и во државниот инспекторат за градежништво и урбанизам“, велат од Општина Карпош.

Објектот, кој е дивоградба, веќе функционира како џамија, каде се одржуваат верски обреди.

Можете да прочитате

Воената академија во Скопје ќе добие спортска сала, покрај питомците ќе ја користат и училиштата во општина Аеродром

Задутре времен застој на ГП “Делчево” заради градежни работи

Ангелов го испрати воздухопловниот тим на хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка