Утрински Весник
Спорт

Одбојкарите обезбедија пласман на Европското првенство

Одбојкарите обезбедија пласман на Европското првенство

Одбојкарската репрезентација на Макеедонија обезбеди пласман на Европското првенство. Вечерва, во Скопје, Македонија ја совлада Турција со 3:1 (25:19, 21:25, 25:23, 25:18), со што втор пат во својата историја ќе учествува на континенталниот шампионат.

Македонските одбојкари убедливо го добија првиот и четвртиот сет, третиот во кој се водеше голема борба и припадна на Македонија, додека Турците го освоија вториот сет.

Најзаслужни за победата на Македонија беа капитенот Ѓорѓиев и Љафтов кои заедно освоија 47 поени (Ѓеорѓиев 24, Љафтов 23). На спротивната страна се истакнаа Субаши со 17, односно Лагумџија со 14 поени.

Европското првенство ќе се одржи во втората половина од годината, а домаќини ќе бидат Полска, Чешка, Естонија и Финска.

Фото/vfmkd.mk

> Одбојкарите обезбедија пласман на Европското првенство <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина