Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Одбиено барањето на косовскиот заменик-министер за посета на осудените за „Диво Насеље“

Одбиено барањето на косовскиот заменик-министер за посета на осудените за „Диво Насеље“
Img 7972

Одбиено е барањето на косовскиот заменик министер за правда Блерим Салаху за посета на осудените во случајот „Диво Насеље“.

Од Управата за извршување на санкциите информираа дека во согласност со член 199 став 1 и 2 од Законот за извршување на санкциите, осудените лица-странски државјани кои издржуваат казна затвор во казнено-поправните установи во Македонија, можат да бидат посетувани од конзуларен претставник сообразно со правилата на меѓународното право, под услови на реципроцитет.

„Конзуларниот претставник е должен претходно да ја најави и закаже посетата во установата во која лицето ја издржува казната затвор. Во случајов, Амбасадата на Република Косово се обратила со барање да му се овозможи на заменикот министер за правда на Република Косово да ги посети косовските државјани кои издржуваат казна затвор во КПД Идризово, а од слобода се лишени на 9.5.2015 година во Куманово. Согласно наведеното, Управата за извршување на санкциите смета дека заменикот министер за правда не е конзуларен претставник на својата држава во Македонија, туку е политички претставник на Косово – именуван функционер кој не е истовремено овластен да е конзуларен претставник на Косово за што треба да исполни посебни услови предвидени со меѓународното право. Од оваа причина, почитувајќи го законот, Управата за извршување на санкциите Ве известува дека не сме во можност да ја дозволиме бараната посета на осудените лица наведени погоре во текстот“, се наведува во соопштението од Управата за извршување на санкциите.

За настаните во „Диво насеље” во Кривичниот суд се водеше судско рочиште против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела „терористичка организација” и „тероризам”. Сите обвинети пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Случајот подоцна се спои со „Молња” во кој се водеше постапка против осум лица, со што бројот на обвинети се зголеми на вкупно 37. Во 2015 година во кумановската населба Диво Насеље, животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили, а убиени беа и десет членови на вооружената група.

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ