Утрински Весник
Спорт

Одбиена првата понуда за Де Јонг

Манчестер јунајтед пред десет дена ги отворија преговорите со Барселона за Френки де Јонг. Попладнево клубот од „Олд Трафорд“ испратил понуда,која Каталонците ја одбиле без размислување.

Како што пренесуваат шпанските и британските медиуми од „Олд Трафорд“, понудиле веднаш 60 милиони евра, плус уште 10 милиони евра во зависност од постигнатите резултати и игрите на холандскиот фудбалер.

Според овие извори Барселона нема да прифати помала сума од 100 милиони евра за Де Јонг.

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, инсистира да го доведе Де Јонг. Тој одлично го познава холандскиот фудбалер, кој ги одигра најдобрите партии во дресот на Ајакс кога тој му беше тренер.

Френки де Јонг е член на Барселона во последните три сезони. Минатата сезона одигра 32 натпревари во Примера и постигна три гола со исто толку асистенции. Има 25 години и досега за Холандија одигра 42 натпревари.

> Одбиена првата понуда за Де Јонг <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина