Утрински Весник
Свет

Одбиена жалбата на Навални, судот ја потврди затворската казна од 2 и пол години

Одбиена жалбата на Навални, судот ја потврди затворската казна од 2 и пол години

Рускиот опозиционер Алексеј Навални ќе одлежи нешто повеќе од две и пол години затвор откако градскиот суд во Москва денеска ја одби неговата жалба против пресудата на првостепениот суд со која неговата претходна условна казна беше преиначена во затворска, пренесува „Тасс“ .

Агенцијата наведува дека градскиот суд во Москва денеска пресудил дека одлуката на првостепениот суд е во согласност со законот, ја отфрлил жалбата на Навални и исто така го зел предвид времето кое опозицискиот лидер го минал во куќен притвор меѓу 30 декември 2014 и 18 февруари 2015 година.

Земајќи ја предвид таквата пресуда, Навални ќе помине вкупно уште две години и шест месеци зад решетки, а ќе биде задржан во истражен затвор сè додека пресудата не стапи на сила, пренесува „Тасс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шефот на Гугл предупредува: „Ниедна компанија нема да биде имуна“ ако пукне балонот со вештачката интелигенција

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

ЕУ ќе креира онлајн платформа за регрутирање работници од трети земји