Утрински Весник
Македонија

Одбележување на Денот на македонската полиција

Одбележување на Денот на македонската полиција

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Министерството за внатрешни работи денеска ќе го одбележи 7 Мај – Денот на македонската полиција.

Свеченоста од 11.30 часот ќе се одржи во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, каде што во присуство на раководството на МВР,  вработени и поканети гости од дипломатскиот кор ќе се обрати министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Ќе има показни вежби од единиците на МВР и доделување плакети за посебен придонес и заложба во работењето на Министерството за вработени во МВР и плакети за благодарност до претставниците на дипломатскиот кор.

Претходно, во  9.45 часот, во кругот на МВР пред зграда бр.1 раководството на МВР ќе им оддаде почит на загинатите бранители, со положување свежо цвеќе на спомен-обележјата. хс/ев/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пендаровски демантира дека ќе прави партија

МНТ со наградуваната претстава „Народен Пратеник“ гостува во Велес и Пожаревац

Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ