Струмица, 7 мај 2020 (МИА) – Со делење заштитни маски и укажување за почитување на мерките за заштита од Ковид-19, Отсекот за превенција при СВР-Струмица се вклучи во одбележувањето на Денот на македонската полиција.
-Преку Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај реализираме превентивна активност со делење заштитни маски на граѓаните, кои ќе се затекнат во непосредна близина на наплатни пунктови, пошти, банки, маркети и други објкти со цел да потсетиме на важноста за носење од заштитни маски од ширење на коронавирусот и почитување на препораките од Владата, рече Мери Аврамова од СВР-Струмица,
Денот на полицијата беше одбележан и со положување цвеќе на спомениците на загинатите бранители во Радовиш и Струмица и доставување благодарници од страна на полициски службеници на партнерите кои помогнале на полицијата во спроведување на мерките за заштита од Ковид-19. рт/мд/