Утрински Весник
Македонија

Одбележани дваесет години од загинувањето на бранителите кај Карпалак

Одбележани дваесет години од загинувањето на бранителите кај Карпалак

Владина делегација предводена од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, прудружувана од државниот секретар Драган Николиќ и надворешниот соработник на претседателот на Владата, Драган Василевски оддадоа почит и положија венци цвеќе пред комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп, каде се одржа централното одбележување на две децении од загинувањето на прилепските бранители и каде оддадоа почит и положија цвеќе бројни делегации, бранители и претставници на дипломатскиот кор.

На 8 август 2001 година на автопатот Скопје-Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата, при што загинаа десет армиски припадници.

Во чест на загинатите резервисти: Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Вељаноски, Пеце Секулоски, Веби Рушитоски, Марко Деспотоски, сите од Прилеп и прилепско, беше одржана и панихида во цркавата „Св. Петка“ во населбата Точила во Прилеп.

Драган Василевски, надворешниот соработник за одбрана на претседателот на Владата, Зоран Заев по повод 20-годишнината од загинувањето на армиските резервисти кај месноста Карпалак во воениот конфликт во 2001 година, утринава положи венец на споменикот на загинатите бранители кај месноста Карпалак.

Чествувањето на споменот и одбележувањето на 20 години од смртта на армиските резервисти пред две децении, во Прилеп започна вчера со положување свежо цвеќе на споменикот во прилепската касарна „Мирче Ацев“ и на споменикот во село Лениште, како и со вечерна богослужба во манастирот „Св. Петка“.

Можете да прочитате

Обвинение против поранешниот директор на КПУ Затвор Скопје и седум полициски службеници

На Клиниката за трауматологија презентиран најмодерен робот за операции на ‘рбет и мозок

СДСМ: Нов бран на економско тонење, животниот стандард срозен