Утрински Весник
Свет

Огромен шумски пожар во САД е надвор од контрола, гори во близина на планински села

Пожарникарите во Ново Мексико засега не успеаат да го спречат најголемиот шумски пожар во САД, кој опасно се разгорува во близина на планински села.

Пожарот е најразорниот од десетиците пожари во југозападниот дел на САД, кои поради климатските промени се пошироко распространети и започнуваат порано од вообичаеното во годината, велат научниците.

Илјадници луѓе од област на околу 60 километри североисточно од Санта Фе, се подготвуваат за евакуација бидејќи се издига чад од шумата околу блиската фарма „Леду“.

Силните ветрови ја расфрлаат жарта повеќе од една и пол милја, ширејќи го пожарот кој од 6 април изгоре 303 квадратни километри од планината Сангре де Кристо, уништувајќи стотици домови и објекти.

„Изгледа многу страшно“, рече командантот на силите за помош при природни катастрофи Карл Швопе на брифингот.

Поради екстремната суша која трае повеќе од две децении, пошумените планини и долини станаа како барут, изјави експертот за пожари, Стјуарт Тарнер.

„Пожарот се шири многу побрзо отколку што очекувавме“, вели Тарнер, додавајќи дека станува збор за многу сериозна огнена стихија.

Можете да прочитате

Орбан: Зеленски да обезбеди никој да не загине при присилна регрутација

Колумбиските власти уапсија еден од шефовите на италијанската мафија „Ндрангета“ во Латинска Америка

Исклучена струјата и водата во регионот Запорожје кој е окупиран од Русија