Утрински Весник
Свет

Огромен шумски пожар во близина на Атина, огнот зафатил и куќи

Огромен шумски пожар во близина на Атина, огнот зафатил и куќи

Шумски пожар избувнал попладнево во Анависос, одморалиште на 50 километри од Атина и веќе предизвика голема материјална штета, соопшти противпожарната служба.

Пет места околу Анависос беа евакуирани бидејќи пожарот ги опколи, изјави официјален службеник.

Тој додаде дека пожарот зафатил грмушките, опфатил фасади на куќи и уништил огради.

Вкупно 117 пожарникари со 35 возила, осум хеликоптери и пет канадери се борат со пожарот, кој е засилен од силниот ветер.

Во Анависос, кој се наоѓа југоисточно од Атина, многу Атињани имаат викендици.

Во лето, пожарите се чести во Грција, поттикнати од силниот ветер и високите температури,.

Пред две години, на 23 јули 2018 година, во пожар во одморалиштето Мати, загинаа 102 лица, а беа запалени и многу куќи на местото околу триесетина километри северо-источно од Атина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија и Украина си разменија уште по 307 воени заробеници

Брисел ги повика американските професори и научници да дојдат во ЕУ, им нуди поддршка од стотици милиони евра

Украина: Извршен еден од најголемите руски воздушни напади врз Киев