Утрински Весник
Економија

Ограничена продажбата на масло за јадење, ќе може да се купи само едно шише

Ограничена продажбата на масло за јадење, ќе може да се купи само едно шише
Dik 300x250 mk

Министерот за економија Крешник Бектеши објави дека продажбата на сончогледово масло за јадење ќе биде ограничена и дека секој купувач во текот на денот ќе може да купи само едно шише масло.

Мерката стапи на сила вчера, а ќе важи до 31 мај. Се препорачува да не се дозволува продажба на масло од сончоглед за јадење во големи количини односно количини пакувани во пакети.

Министерството за економија во текот на вчерашниот ден достави известување до сите трговци со кое ги известува дека поради значајниот пораст на купување на масло од сончоглед за јадење од страна на домашни купувачи во однос на редовната потрошувачка на маслото од сончоглед за јадење во домаќинството, како и странски купувачи, со што се нарушува редовното снабдување на домашниот пазар.

Се замолуваат трговците на мало во случај кога купувач бара да купи поголеми количини на масло од сончоглед за јадење во текот на денот, веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат.

Можете да прочитате

Раст на извозот и на увозот, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица