Утрински Весник
Спорт

Ограбен станот на Рибери во Фиренца, размислува да ги напушти „виолетовите“

Ограбен станот на Рибери во Фиренца, размислува да ги напушти „виолетовите“

Фиорентина синоќа нагости кај Парма славеше победа од 2-1, но искусниот играч на „виолетовите“, Франк Рибери (37) го чекаше непријатно изненадување по мечот.

Неговиот стан во Фиренца бил мета на крадци, а „непосакуваните гости“ однеле неколку скапоцени чанти и целиот накит на неговата сопруга. Финансиската штета не е обелоденета, а Французинот за овој настан информираше на социјалните мрежи.

„По победата над Парма се вратив дома каде ме затекна непријатна сцена. Мојата сопруга остана без чантите и накитот, но тоа не е толку важно во овој момент. Најважно е што таа и децата се добро, иако не знам што да правам. Го сакам фудбалот и Фиренца, но најважна ми е безбедноста на семејството, па во склад со тоа, ќе ги носам одлуките“ напиша Рибери на Инстаграм.

Тоа подразбира дека е многу веројатно тој да го раскине договорот со „виолетовите“ потпишан минатото лето кога во Фиорентина дојде од редовите на Баерн Минхен каде помина цели 12 години.

Договорот на францускиот фудбалер со клубот е до јуни 2021 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Манчестер јунајтед елиминиран од Брајтон во ФА Купот

Андреа Бочели ќе настапи на церемонијата на отворање на ЗОИ 2026

Хаос на Африканскиот куп – Се степаа фудбалерите, навивачите го демолираа стадионот, нападнати и судиите