Утрински Весник
Спорт

Ограбен домот на Кристијано Роналдо

Ограбен домот на Кристијано Роналдо

Додека синоќа ја предводеше Португалија на натпреварот со Шпанија во Лисабон, крадец влегол во домот на Кристијано Роналдо во Фуншал.

Крадецот успеал да влезе во вилата преку гаражата. Усеапл да земе скапоцени работи кои му припаѓале на Роналдо.

Веднаш била покрената истрага за кражбата и според полициски извори крадецот бил идентификуван но не и уапсен.

Куќата на Роналдо во Фуншал има седум ката и во неа живеат неговата мајка Долорес и постариот брат Хуго. Не е познато дали во моментот на грабежот тие биле во куќата.

> Ограбен домот на Кристијано Роналдо <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Каратистите на Макпетрол освоија четири медали на балканијадата во Бања Лука

Меси се изедначи со Пеле по бројот на голови од слободни удари

Арсенал го доби лондонското дерби и повторно му избега на Сити