Утрински Весник
Македонија

Ограбена црквата „Св. Пророк Илија“ во беровско Митрашинци

Ограбена црквата „Св. Пророк Илија“ во беровско Митрашинци

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – Во Полициската станица Берово, вчера било пријавено дека во периодот од 10 часот на 8 март до 11 часот на 10 март, непознат сторител со употреба на физичка сила и подесен предмет насилно ја отворил влезната врата на црквата „Св. Пророк Илија“ во беровското село Митрашинци и одзел пари.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, увид на местото на настанот извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Берово.

Се работи на расчистување на случајот. вг/лв/

Фото: МИА архива

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Анима Мунди бараат напуштањето на кучиња да стане кривично дело

Панчевски со документ ја демантира одлуката на Советот на обвинители

„Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња